Победа на македонската ватерполо репрезентација

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ја оствари првата победа на Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Рим. Нашите ватерполисти го победија Казахстан со остварен резултат 11:4. Со овој триумф Македонија во вторник од 10:00 часот ќе игра против Бразил во натпревар за 13 место, откако нашиот следен ривал забележа минимална победа против Јужна Африка со 8:7.