Ватерполо: Македонија - Казагстан

Македонската ватерполо селекција денеска ќе се обиде да ја издвои првата победа на Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Рим. Противник на Македонија е репрезентацијата на Казагстан. Со победа Македонија во вторник ќе игра со поуспешните од дулеот Бразил - Јужна Африка за 13 место, а доколку загуби ќе игра со поразените за 15 место. Покрај овие два дуела денеска се играат и четвртфиналните квалификациски натпревари, а двојките се: Канада - Кина, Германија - Црна Гора, Австралија - Романија и Италија - Србија.