Намалување на платите на романските министри

Романскиот Премиер Емил Бок соопшти дека од први август платите на министрите ќе бидат намалени за 20 проценти до крајот на декември годинава. Според Бок, тоа е мерка која покажува дека Владата е загрижена за финансиската ситуација во земјата. Романскиот Премиер посочи дека наскоро ќе бидат затворени неколку владини агенции бидејќи повеќето од нив се неефикасни