Разговор Обама - Браун

Земјите членки на НАТО да превземат поголем дел од теретот од војната во Авганистан, порачаа Премиерот на Британија Гордон Браун и американскиот Претседател Барак Обама. Од кабинетот на британскиот Премиер соопштија дека Браун имал телефонски разговор со Обама. Двајцата дискутирале за ситуацијата во Авганистан. Од почетокот на воените офанзиви против талибанските милитанти во провинцијата Херлманд, армиите на двете земји претрпеа големи загуби.