Ирански закани за Израел

Шефот на иранската Револуционерна Гарда денеска предупреди дека Техеран ќе ги нападне израелските нуклеарни објекти доколку Тел Авив ја нападне исламската држава. Мохамед Али Јафари во изјава за државната телевизија додаде дека Израел е „во близок дострел“ за Иран.