Лидерите се договориле за Законот за Собрание

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова демократија на денешната средба во Клубот на пратениците, која заврше нешто пред 18 часот, ги усогласиле ставовите во врска со носењето на Законот за Собрание и доимплементацијата на употребата на јазиците, односно на албанскиот јазик.
На предлог на опозициската СДСМ, при усвојувањето на законот за Собрание ќе биде донесен заклучок за три до четири месеци да бидат отворени измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Парламентот според препораките од Венецијанската комисија.
Предлогот бил прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека сепак не е адекватно условувањето на Законот за Собрание, кое е дел од барањата на Евроската комисија, со измените на Деловникот.
Прашањето за употребата на албанскиот јазик го отворил лидерот на Нова демократија, Имер Селмани и за него учесниците на средбата посочиле дека постои расположение за целосна импелементација на овој закон.
И од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ брифираат дека пратениците ќе го скратат годишниот одмор се со цел потребните закони да бидат донесени до 15 септември.