Заболени од новиот грип во 160 земји


Светската Здравствена Организација соопшти дека вирусот на новиот грип Х1Н1, познат како свински грип, се проширил во 160 земји во светот и досега од него умреле околу 800 луѓе. Организацијата предупредува дека вирусот би можел дополнително за се прошири и да мутира во текот на престојната зима. Првата вакцина против овој вирус се очекува да биде произведена за неколку месеци.