Обама повика на итни реформи во американското здравство

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот план за реформи во здравството треба да се спроведе што е можно поскоро. На прес конференција во Вашингтон, Обама изјави дека со планот ќе бидат заштедени големи суми пари. Доколку не ги ставиме под контрола тие трошоци, нема да можеме да го контролираме дефицитот, а 14 илјади американци дневно ќе остануваат без здравствено осигурување. Околу 47 милиони американци моментално не се здравствено осигурани. Меѓутоа планот на Обама предизвикува дилеми, дури и кај некои членови од неговата Демократска Партија