Триесетмина талибанци убиени во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека вооружените сили убиле 30 талибански милитанти во долината Свот во северозападниот дел на земјата. Според официјални податоци, од почетокот на воената офанзива против талибанците во Пакистан загинале 1800 милитанти и 166 војници.