Јап де Хоп Схефер во болница

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер е хоспитализиран во Брисел поради артеријален тромб. Портпаролот на Алијансата Џејмс Апатурај изјави дека Схефер имал мала артеријална блокада, поради што ќе остане во болница неколку дена. Мандатот на Схефер завршува кон крајот на месецов. Негов наследник е поранешниот Премиер на Данска Андерс Фогх Расмусен.