Војниците на НАТО ќе се повлекуваат од Косово

Командантот на јужното крило на НАТО, адмиралот Марк Фицџералд изјави денеска во Грачаница дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна и оти поради тоа се разгледува можност во наредните 6 до 12 месеци бројот на војниците на КФОР да се намали под 10.000. Фицџералд истакна дека намалувањето на бројот на војниците нема да го загрози делувањето и ефикасноста на меѓународното воено присуство на Косово, додавајки дека косовската полиција ќе преземе поголема одговорност за безбедносната ситуација.