Црна Гора утре ќе го добие Прашалникот на ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оли Рен утре ќе престојува во Подгорица, каде на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ свечено ќе му го предаде Прашалникот на Европската комисија за членство во ЕУ. По тој повод, црногорскиот министер за надворешни работи Милан Роќен денеска изјави дека е уверен оти Црна Гора успешно ќе го помине овој тест и дека набрзо ќе обезбеди статус на кандидат за членство во ЕУ.