Исламистички милитанти украле опрема од ОН

Исламистички милитанти, поврзани со Ал Каеда провалиле во простории на Обединетите Нации во јужна Сомалија. ОН соопштија дека милитантите украле комуникациска опрема од складовите во градот Баидоа и два автомобили и мебел од канцелариите во градот Вајид. За сега нема информации за повредени во инцидентот .