Осуммина убиени во Ирак

Ирачките власти соопштија дека осуммина загинале а 60 лица биле повредени во неколку бомбашки напади во Ирак. Пет лица меѓу кои две деца загинале во три бомбашки напади во Багдад. Во градот Рамади во западниот дел на земјата тројца загинале во експлозии на две бомби поставени пред ресторан. Нападите се случуваат неколку недели откако американските вооружени сили ја напуштија земјата.