Солана во посета на Авганистан

Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана пристигна во Авганистан на разговори со претседателот Хамид Карзаи, а како што е најавено, треба да има средби и со други претседателски кандидати кои ќе учествуваат на изборите, наредниот месец. Европската Унија испрати посматрачка мисија во Авганистан која помага во подготовките за претседателските и локалните избори, закажани за 20-ти август.