Македонија загуби од Романија на Светското првенство во ватерполо

Во својот прв настап на Светските првенства, ватерполо репрезентацијата на Македонија, вчера вечер, во Рим, доживеа пораз од селекцијата на Романија со резултат 6:4. Македонските репрезентативци беа рамноправни со Романците во првите две четвртини. По 1:1 во првиот и 2:2 во вториот период, на полувремето се отиде со резултат 3:3. Клучната разлика, Романија ја направи во третата четвртина кога постигна три, а не прими ниту еден гол и во последниот период влезе со 6:3. Последните осум минути Македонија ги доби со 1:0 и успеа само да го ублажи поразот.