Објавени снимки од секс-скандалот на Берлускони

Италијанскиот левичарски неделник „Еспресо“, вчера, на својата интернет страница, објави снимки на кои се слуша италијанскиот премиер Силвио Берлускони како на проститутката со која ја поминал ноќта, меѓу другото, и вели да го почека во кревет додека да се истушира. Проститутката од висока класа Патрициа Д’Адарио ги снимала своите средби со Берлускони, како и забавите кои тој ги организирал, од кои подоцна се изроди еден од најголемите скандали на 72-годишниот италијански премиер. Д’Адарио наведува дека снимките се направени на 4 ноември, и дека Берлускони го пропуштил приемот по повод американските избори, за да ја помине ноќта со неа. Д’Адарио рекла дека ги обелоденува снимките, зашто Берлускони не ги исполнил ветувањата дека ќе и помогне со „проблемот со недвижнини“. Портпаролот на партијата на Берлускони, Народ на слободата, Даниеле Капецоне не ја оспори автентичноста на снимката, но оцени дека „Еспресо“ се обидува за оживее „веќе мртов“ политички скандал.