Судски процес против ,,заговорниците,, во Турција

Двајца пензионирани генерали на турската армија се меѓу 56 те лица на кои денеска им почнува судски процес поради заговор за отфрлање на владата со про - исламска ориентација. Станува збор за групата Ергенекон обинета дека планирала серија бомбашки напади и атентати со цел да ја присилат армијата да дејствува против владата . На 86 члена на Ергенекон веќе 2 години им тече судењето. Во групата има писатели, новинари, академици. Турската влада е критикувана дека го користи случајот за да им наштети на бранителите на тускиот секуларен систем.