Американскиот финансиски пазар се стабилизира

Благодарејки на добрите бизнис резултати на поголемиот дел од американските банки цените на акциите на берзите влегоа во втора недела на пораст со што е прекинат едно месечниот пад на вредноста на акциите. На Вол Стрит порастот е над 7 проценти. Добрите резултати на банките неведуваат дека американскиот финансиски пазар се стабилизира.