Непријателски оган не го соборил хеликоптерот Ми-8

Нема докази дека непријателски оган го соборил хеликоптерот марка Ми-8, соопштија воени извори. Хеликоптерот од руско производство денеска се урна во близина на база на НАТО во авганистанскиот град Кандахар. Шестанесетмина загинаа во несреќата, изјави портпарол на Алијансата. За сега нема информации за националностите на загинатите, но се верува дека сите биле цивили.