Клинтон ги поздрави напорите на Пакистан

Американскиот Државен секретар Хилари Клинтон денеска ја поздрави „растечката посветеност“ на Пакистан за борба против тероризмот. На прес конференција во Делхи, Клинтон апелираше до властите во Исламбад да ги пронајдат и казнат одговорните за терористичкиот напад во индијскиот град Мумбаи во 2008 година.