Албанскиот Парламент ќе избира нова Влада на 10 септември

Албанскиот Премиер Сали Бериша најави дека новата влада Парламентот ќе ја избира на десетти септември, јави дописникот на Македонската информативна агенција од Тирана. Според Бериша, сосема е јасно дека владата ќе ја формираат неговата Демократска партија која ја добила довербата на народот на изборите и партијата Движење за социјалистичка интеграција на Илир Мета.