ЕУ ќе продолжи со надзор на Бугарија и Романија ?

Следната недела Европската комисија ќе препорача мониторингот на Бугарија и Романија да продолжи и по 2009 година, објави електронското издание на бриселскиот весник „ЕУ Обсервер“. Европската Унија во 2007 годинa ги стави Бугарија и Романија под надзор поради слабиот напредок во спроведувањето на рефомите на правосудниот систем и во борбрата против корупцијата и организираниот криминал. Весникот наведува дека романските власти се обиделе да лобираат во Брисел за усвојување на стратегија за прекин на механизмот на набљудување но дека засега ваквите обиди на Букурешт не даваат резултати.