Протест на Ујгури во Казакстан

Илјадници етнички Ујгури денеска одржаа протест во градот Алманти во Казакстан. Повеќе од 5.000 ујгури протестираа против етничките насилства во кинеската провинција Синџјанг. Насобраните со едноминутно молчење им оддадоа почит на убиените во неодамнешните немири во кинеската провинција.