Престрелка во Ингушетија

Полицијата во рускиот регион Ингушетија соопшти дека за сега непознати вооружени лица стрелале кон куќата на шефот на локалната полиција Тимур Екажев. Во нападот загинала сестрата на Екажев. Во изминативе неколку недели зачестија нападите врз државни службеници во Ингушетија.