Еден австралиски војник загина во Авганистан

Еден австралиски војник загина во експлозија на бомба во Авганистан, соопштија австралиските власти. Бројот на загинати Австралијци во земјата се искачи на 11 лица. Премиерот на Австралија Кевин Руд денеска изјави дека посветеноста на воените сили не е ослабната по овој инцидент.