„Меморијал“ ги стопира активностите во Чеченија

Руската група за човекови права „Меморијал“ денеска соопшти дека ги стопира своите активности во Чеченија по убиството на нивниот активист Наталија Естемирова. Новинската агенција АФП ја пренесува изјавата на АЛександар Чхекасов, член на „Меморијал“ во која вели дека убиството на Естемерова „е доказ дека групата не може да продолжи со своите активности во Чеченија бидејки со тоа би биле загрозени животите на активистите“. Во петокот чеченскиот Претседател Разман Кадиров изјави дека ќе ја тужи групата за клевета, откако членови на „Меморијал“ го обвинија за инволвираност во убиството на Естемирова.