Српската жандармерија упаѓа во домови во Прешево ?

Градоначалникот на Општина Прешево Рагми Мустафа денеска обвини дека припадници на српската жандармерија упаѓаат во домовите на локалните aлбанаци и дека „малтретираат деца“. „Ако продолжат бруталните акции на жандармеријата, секој двор и куќа во Прешево и околните села ќе останат отворени бидејќи не сакаме да ни ги кршат портите, вратите и прозорците за да влезат. Се` ќе им биде достапно и отворено“ изјави Мустафа. Тој додаде дека доколку „продолжи репресијата“ ќе нема причина локалната власт да продолжи да функционира и во тој случај ќе им препушти на полицијата и жандармеријата да постават своја власт во Прешево.