Руско - кинеска воена вежба

Руските и кинеските вооружени сили денеска спроведуваат заедничка антитерористичка вежба во североисточна Кина. Вежбата, попозната како „Мировна Мисија 2009“ денеска се фокусира на „борба без оружје“ соопштија официјални извори. Меѓу останатите активности предвидено е и одржување на симулација на антитерористичка операција во Кабаровск, Русија на 22 овој месец.