Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Техеран

Поранешниот ирански претседател Хашеми Рафсанџани денеска повика на ослободување на стотиците уапсени иранци, кои протестираа против исходот од претседателските избори на 12-ти јуни. Десетици илјади иранци дојдоа на петочната молитва во Техеран на која присуствуваше и опозициониот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави и други опозициони личности. Подоцна во Техеран избувнале судири меѓу демонстрантите и полицијата.