Хилари Клинтон ја започнува посетата на Индија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од денеска е во 5-дневна посета на Индија, која ја започнува со престој во Мумбаи. Таа утре ќе им оддаде почит на настраданите од терористичкиот напад во Мумбаи во минатиот ноември. Во недела, во Њу Делхи, Клинтон ќе разговара со индискиот премиер Манмохан Синг и со шефот на дипломатијата. Главна тема на разговорите, како што е соопштено во Вашингтон, е воспоставувањето стратегиско партнерство меѓу Соединетите Држави и Индија.