Рафсанџани - ирански сомнеж за регуларноста на изборите

Поранешниот ирански претседател моќниот клерик Акбар Хашеми Рафсанџани во петочната молитва на верниците им порача дека голем дел од иранците имаам сомнеж за исправноста на Претседателските избори минатиот месец. Тој од властите побара и ослободување на стотиците уапсени по протестите со цел да биде надмината политичката криза. Инаку и иранскиот опозиционен лидер Мир Хосеин Мусави денеска го имаше првото јавно појавување по претседателските избори. Тој присуствуваше на петочната молитва во Техеран, каде што се собраа и многумина други ирански личности кои не се согласуваат со актелната власт. Според известувањата, полицијата употребила солзавец за да ги растера илјадниците подржувачи на опозицијата кои се собраа за да го покажат единството за време на верскиот обред на поранешниот претседател Рафсанџани.