Експлозии во Хотели во Џакарта - 9 загинати

Најмалку 9 лица загинале, а 50-тина биле повредени во бомбашки напади во два хотела во Џакарта, Индонезија. Според полицијата, бил користен моќен експлозив, а била причинета голема материјална штета на луксузните хотели Мериот и Риц Карлтон. Хотелот Мериот во Џакарта беше цел на бомбашки напад и во 2003-та година, кога загинаа 12 лица.