Паѓа рејтингот на владеачката партија во Грција

Нова демократија, владејачката партија во Грција, и нејзиниот лидер премиерот Костас Караманлис бележат континуиран пад во поддршката на граѓаните. Последните анкети покажуваат дека опозициската ПАСОК води пред Нова демократија со 5,3 проценти.