Убиена активистката за човекови права Наталија Естимирова

Руската хуманитарна организација Документациниот меморијален центар го обвини чеченскиот претседател Рамзан Кадиров за киднапирање и убиство на нивниот водечки активист Наталија Естемирова. Таа беше киднапирана вчера во Грозни а нејзиното тело беше пронајдено во соседна Ингушетија. Интерфакс јавува дека Кадиров изјавил дека сторителите на убиството мора да бидат фатени и казнети. Убиството на Естемирова го осуди и рускиот претседател Дмитриј Медведев.