Американската економија, годинава, ќе се намали помалку од очекуваното

Американските федерални резерви предвидуваат дека економијата на земјата, годинава, ќе се намали помалку од очекуваното, но дека невработеноста ќе надмине 10 отсто. Тие предвидуваат дека економијата ќе падне меѓу 1 и 1.5 отсто, наспроти нивната претходна прогноза од мај, кога се очекуваше пад од 1.3 до 2 отсто. За 2010 Федералните резерви очекуваат раст на американската економија од 2.1 до 3.3 отсто.