Косовската полиција ги отфрли српските обвинувања за шверц на оружје

Висок функционер во косовското Министерство за внатрешни работи ги отфрли тврдењата на српските колеги, дека косовската полиција шверцува оружје во јужниот дел на Србија, каде неодамна четири лица беа повредени во два одделни инциденти. „Ова се политички мотивирани измислици. Ова е вид реторика, користена во деновите на режимот на Слободан Милошевиќ“ рече Фисник Реџепи, висок функционер во косовското МВР. Високиот српски полициски функционер Милорад Вељковиќ изјави дека Србија располага со видеоматеријал што ја покажува операцијата на шверц на оружјето.