Убиен руски активист за човекови права

Познатиот руски активист за човекови права Наталија Естемирова беше пронајдена мртва во Ингушетија денеска. Портпарол на чеченското министерство за внатрешни работи потврди дека телото на Естемирова било пронајденп во близина на градот Назран со две прострелни рани во градите. Организацијата на Естемирова претходно соопшти дека таа била киднапирана во чеченскиот главен град Грозни.