Регистрирани нови случаи со симптоми на грип од типот А во Македонија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во текот на последните 24 часа се регистрирани пет нови случаи, сомнителни за грип од типот А (Х1Н1) од кои тројца се хоспитализирани, а двајца се пуштени на домашно лекување. Во моментот на Инфективната клиника се хоспитализирани осум пациенти.