Авионска несреќа во Иран, веројатно сите 169 патници загинале

Патнички авион со 169 патници и членови на екипажот се урнал во северозападен Иран, а според првичните информации, се страхува дека нема преживеани. Иранската државна телевизија јави дека авионот на Каспиан Ерлајнс, кој летал од Техеран за Ереван, главниот град на Ерменија, се урнал во близина на иранскиот град Казвин и целосно бил уништен, сите кои биле во него, веројатно се загинати.