Нови престрелки во Чеченија, - 4-ца загинати

Двајца руски полицајци и двајца војници загинале во престрелка со чеченските бунтовници, јавија агенциите. Во престрелката во Чеченија биле ранети 6 лица, а локалните власти наведуваат дека во последно време повторно се засилува бунтот на исламистичките бунтовници.