Ал Завахири ги повика пакистанците да се борат против САД

Еден од лидерите на Ал Каеда, Ајман Ал Завахири ги повикал пакистанците да ги подржат бунтовниците кои се борат против Соединетите Држави. Во видео пораката, ставена на интернет страница, тој оценува дека американците манипулираат со судбината на Пакистан и оти е загрозен опстанокот на земјата.