Хавиер Солана во Црна Гора

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, во рамките на својата балканска турнеја, денска, ќе ја посети Црна Гора. Тој претходно, при посетата на Приштина, изјави дека косовските институции треба да ги исполнат условите за да станат дел од процесот за визна либерализација. Солана се сретнал со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи и им пренел дека „Косово треба да ги исполни стандардите за визна либерализација, како што се контрола на државните граници, пасоши со европски стандарди и другите прашања за граничните премини“. Солана објаснил дека визната либерализација не е политичко, туку техничко прашање и тоа зависи од секоја земја поединчно - колку се подготвени и способни да ги исполнат предвидените критериуми. Во рамки на својата балканска турнеја, Солана ги посети и Србија и Македонија