Обама: Невработеноста во САД најверојатно ќе расте

Невработеноста во САД најверојатно ќе расте во следниве неколку месеци, изјави денеска американскиот Претседател Барак Обама. Тој додаде дека намалувањето на невработеноста вообичаено касни покрај другите знаци на економско опоравување. Повеќе од 2 милиони работни места се затворија по усвојувањето на пакетот за стимулирање на економијата вреден 787 милијарди американски долари. Денес стапката на невработеност во Соединетите Држави се проценува на 9,5 проценти.