Пронајдена масовна гробница во Косово

Во масовна гробница крај косовското село Кметовице во близина на Гњилане, пронајдени се посмртните останки на единаесет лица, меѓу кои и останките на четири деца, соопшти денеска Еулекс. Како што се наведуваво соопштението, откопувањето опфатило подрачје од 380 квадратни метри, а телата биле закопани еден и пол метар под земја. Постојат сомненија дека станува збор за лица кои загинале во текот на судирите на Косово во 1998 и 1999 година.