Поранешен стражар во концентрационен камп обвинет за убиство

Германските судски власти покренаа обвиненија против поранешен стражар во нацистички камп. Џон Демјанјук се товари за учество во убиства на илјадници евреи во концентрациониот логор Собибор за време на Втората светска војна. Судењето на 89 годишниот украинец ќе се одржи во Минхен.