Реакции од Грузија за посетата на Медведев во Јужна Осетија

Грузискиот Претседател Микаел Сакашвили изјави дека посетата на рускиот Претседател Димитриј Медведев во Јужна Осетија е „срамота“ додека претседателот на грузискиот Парламент изјави дека посетата е „заговор против грузиската држава“. Медведев денеска е во официјална посета на Јужна Осетија каде се сретна со Претседателот Едуард Кокоити. Руските новински агенции ја пренесуваат изјавата на Медведев кој повикал на зајакнување на безбедносната соработка меѓу двете земји.