Претседателот Ѓорге Иванов во официјална посета на Хрватска.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска, ќе допатува во официјална посета на Хрватска. Во текот на посетата, тој ќе оствари средби со хрватскиот претседател, Стипе Месиќ, со претседателот на хрватската влада Јадранка Косор, како и со претседателот на парламентот Лука Бебиќ.