Поништена јавната набавка за купување 100 нови автобуси

Државната комисија за жалби по јавните набавки ја поништи набавката за купување на автобуси за градскиот превоз во Скопје, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Според одлуката на комисијата, рокот кој го понудил избраниот понудувач за испорака на првите сто автобуси во рок од 12 до 18 месеци по склучувањето на договорот не одговара на условите во Тендерот. Според Комисјата, тоа е единствена причина поради која е поништена набавката.