Министерот за образование и Вицепремиерот за евроинтеграции ги соопштија приоритетите

Датумот за добивање на преговори за влез во Европската унија ќе биде приоритет во работата на новоизбраниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Тој изјави дека со работа почнува уште денеска бидејќи роковите за исполнување на задачите потребни за добивање на датум за преговори се мошне кратки, додавајки дека дека и претходните вицепремиери ги исполнувале своите задачи, совесно и одговорно и оти останува да се продолжи по тој зацртан пат. Во меѓувреме, денеска новоизбраниот министер за образование и наука Никола Тодоров ја презеде функцијата од неговиот претходник Перо Стојановски и притоа истакна дека остварувањето на владината програма, односно подобрувањето на квалитетот на образованието ќе биде негов врвен приоритет.